Фудбал
Пике дојде на тренинг на Барселона, но сите веднаш сфатија дека нешто не е во ред со него
Жерар Пике го минува најтешкиот период во кариерата откако се врати во Барселона во летото 2008 година, а се што му се случуваше во претходните месеци очигледно остави голема трага на него.
Пике се врати во каталонскиот клуб од Манчестер Јунајтед во летото 2008 година и освои се што можеше со Барселона. Цели 14 години беше стандарден првотимец во Барса, но оваа сезона го загуби местото во стартниот тим.
Искусниот дефанзивец повеќето од натпреварите ги започна од клупата за резерви, а кога играше од првата минута тоа беше затоа што Чави Ернандез беше принуден на тоа поради повреди.
Пике не се прослави со играта против Интер, а не се истакна баш ниту на другите натпревари. Покрај сето она што му се случува во приватниот живот и раскинувањето со Шакира, се очекуваше тоа да се одрази и на теренот.
Сепак, Пике сигурно очекуваше да има поддршка од навивачите во тешките моменти, но и тие очигледно му свртеа грб.
Тој беше исвиркуван на Камп Ноу кога влезе во четвртокот против Виљареал, што навистина го погоди дома по се што му даде на овој клуб.
Пике беше еден од најзаслужните што Барса можеше да доведе и да регистрира нови засилувања во претходните години, бидејќи месец во месец ја намалуваше платата, а минатата сезона играше речиси бесплатно.
Но, очигледно и тоа не беше доволно, бидејќи веќе во првата голема криза на игрите, доби свирежи од трибините. Каталонски спорт објави дека му било тешко на Пике и дека тоа јасно се гледало на денешниот тренинг.
Спорт пишува дека Пике изгледал прилично несреќен и отсутен, а дека главната причина е што Камп Ноу го исвирка во четвртокот против Виљареал. Тој е разочаран што навивачите му свртеле грб по се што му дал на овој клуб во претходните 15 години и што многупати докажал колку му значи Барселона.
Почна да се шпекулира дека Пике во јануари би можел да ја напушти Барселона и да го раскине договорот, но тешко дека тоа ќе се случи бидејќи Чави не сака така лесно да се откаже од него.
Сигурно е дека на Пике му е потребна помош и поддршка од сите во клубот за да се врати во старата форма, а тоа особено се однесува на навивачите.
А во случај да стане јасно дека е време да си замине од клубот, тој секако не заслужил на таков начин да ја напушти Барселона.