Connect with us

Тајмаут

Пике и создаде нови проблеми на Шакира: Kолумбиската пејачка е во незавидна ситуација

На повидок е нов скандал меѓу Шакира и Жерар Пике.

Познатиот пар ги изненади сите на средината на годината откако решија да ја прекинат својата 12-годишна врска.

Во последно време се почесто се на суд, бидејќи сега главното прашање е старателството над децата.

Сепак, тоа нема да биде единствениот проблем како што стојат работите.

Компанијата во сопственост на Пике, Космос, има изложено 15 Греми статуи кои Шакира ги доби за време на нејзината пејачка кариера.

Пике сè уште не и ги вратил Греми на Шакира, а со оглед на тоа што тој ја основал компанијата пред бракот со Шакира, таа не претставува брачен имот, односно Пике е единствен и ексклузивен сопственик на компанијата, а колумбискaта пејачка би можела да има проблем со враќањето на вредните награди.

„Греми наградите што ги освои Шакира се уште се изложени во друштво на Пике. Тој никогаш не ги врати“, пишува шпанскиот весник „Ла Разон“.

Пике одбива да и ги врати наградите на Шакира бидејќи сака да ги искористи во идните преговори, а колумбиската пејачка смета дека тоа е форма на уцена од страна на Пике, што може да биде причина за нова тужба и судска постапка меѓу споменатиот пар.

Минатата недела имаше проблеми и кога е во прашање старателството над децата. Разговорите не се одвиваа со мирни тонови.

Имаше средби, се разговараше за клаузули, имаше понуди и контрапонуди. Пике стана од масата и нервозно си замина. Немаше начин да го убедиме да остане во канцеларијата.

Малку подоцна си замина и Шакира во придружба на адвокат. Во тој момент пред канцеларијата ја чекаа десетици обожаватели и новинари. Иако ова требаше да биде последна средба меѓу нив, крајот беше уште погрда разделба.

Сепак, се уште постои мала можност да се избегне судење за старателството на Милан и Саша“, пишуваат новинарите на Ла Вангардија.

Изгледа токму сега почнуваат вистинските пожари и тепачки меѓу Пике и Шакира, а шпанските медиуми секојдневно објавуваат нови информации за оваа позната двојка.