Фудбал
Пике има три дресови на Реал Мадрид, но тврди дека никогаш нема да ги носи
Жерард Пике е легендарен фудбалер на Барселона кој еден ден има желба да стане претседател на овој клуб.
Пике во минатото одигра значителен број големи натпревари против Реал Мадрид и по тој повод ги смени дресовите со играчите на Кралевите.
Во едно од последните интервјуа, тој рече дека чува три дресови на Реал, но истакна дека никогаш не би ги носел во животот.
„Никогаш не носев дрес на Реал. Ги сменив. Имам дресови на Кристијано Роналдо, Бензема, Серхио Рамос …“
„Носењето дрес на Реал е премногу за мене“, истакна искусниот стопер.
Овој став на Пике воопшто не е изненадување, имајќи ги предвид неговите политички убедувања, бидејќи тој се залага за независност на Каталонија.