Connect with us

Фудбал

Пике ја откри годишната плата во Барселона (фото)

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, луто реагираше на обвинувањата дека добивал колосална плата на „Камп Ноу“. Новинар од шпанската телевизија во етерот објави дека Пике заедно со Серхио Бускетс и Жорди Алба земале огромни плати и покрај тешката финансиска состојба на клубот.

Според новинарот Луис Канут, моменталната плата на Пике во моментов е над 500.000 евра.

Пике реагираше речиси веднаш објавувајќи изјава од банка, тврдејќи дека станува збор за половина од неговата годишна плата.

На фотографијата се гледа дека на 30 декември минатата година фудбалерот добил 2,3 милиони евра, што значи дека неговата годишна плата изнесува нешто повеќе од 4,6 милиони евра или 85 илјади евра неделно.