Фудбал
Пике, Меси, Бускетс и Серхи Роберто го кажаа своето, „војната“ во Барселона неизбежна
Играчите ко кажале своето. Четирите капитени на Барселона, меси, Пике, Бускетс и Серхи Роберто го одбиле предлогот на раководството платите на сите фудбалери да им бидат намалени за 70 отсто како резултат од финансиската криза која ги погодува клубовите поради Ковид-19.
Иако раководството се обидува да ги убеди, сепак се чини дека нема да го сменат своето мислење.
Но, сепак Барселона настојува да ги искористи одлуките на владата и да спаси она што може да се спаси. Барселона е одлучна во намерата, на големите ѕвезди за 70 отсто да им ги намали платите, а на оние со помали плати, за 50 отсто.
Фудбалерите реагирале и до Здружението на професионалните играчи, но се чини попусто, бидејќи има вонредна состојба во која важат правила, а Барселона не мора да ја има согласноста од фудбалерите за да ја спроведе мерката.