Фудбал
Пике во (не)возможна мисија, се кандидира за претседател на Барселона?!
Како што пишува „Мундо Депортиво“ Пике побарал од актуелното раководство на клубот, на чело со в.д претседателот Карлес Тускетс да го промени статутот на клубот за да му се овозможи да се кандидира за претседател.
Пике побарал и 65 илјади листови за собирање на потписи, па се чини дека е сериозен во намерата неговото име да се појави на гласањето на 24 јануари. Пике во моментов е надвор од теренот поради повреда на коленото. Одби операција, а со тоа можеби и најавува дека ќе му каже збогом на активното играње на фудбалот.
Инаку, во моментов главен фаворит за претседателското место е Хуан Лапорта.