Connect with us

Тајмаут

Пике за инает на Шакира си купил Твинго (ВИДЕО)

Колумбиската пејачка Шакира жестоко го „прозва“ својот поранешен партнер Жерар Пике, легендарен фудбалер и неодамнешен ас на Барселона, а тој не и остана должен. Во неделата дошол на работа со Твинго откако поранешната девојка му порачала дека „заменил Ферари за Твинго“. Со тоа таа алудираше на себе и на сегашната девојка на Жерар, Клара Че Марта.

Новата девојка на Пике наводно работи за неговата продукциска куќа Космос и исто така неофицијално, таа е студентка која живее во Барселона. Тие беа фотографирани заедно во август, а шпанските медиуми ја истакнаа големата разлика во години, како и фактот дека таа имала само пет години кога Џерард дебитираше за Манчестер Јунајтед и играше сениорски фудбал.

Исто така, Шакира му пееше дека го заменил „Ролекс со Касио“, а на тоа одговори и Пике, кој јавно се појави со часовникот на тој производител на раката, кој го држеше високо – да го видат сите.

Пике и Шакира се разделија минатата година, по 11 заеднички години во кои ги добија синовите Милан (10) и Саша (8). Американскиот „Форбс“ ги вброи меѓу највлијателните двојки во светот, но љубовта дефинитивно „пукна“ кон средината на минатата година.