Connect with us

Фудбал

Пикфорд ангажирал телохранители поради закани откако го повредил Ван Дајк

Ливерпул, 28 октомври 2020 (МИА) – Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд ангажирал телохранители, пишува „Дејли мејл“. Дваесет и шестгодишниот Англичанец го стори тоа откако доби смртни закани откако го повреди дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

За потсетување, во 11-та минута од градското дерби, голманот стартуваше врз Ван Дајк, откако претходно беше забележана позиција во офсајд.

Пикфорд не беше казнет, додека  Ван Дајк поради скинат вкрстен лигамент на коленото мораше на операција. зс/