Connect with us

Фудбал

Пиоли: Милан ја презеде иницијативата против дефанзивната Рома

Рома и Милан ремизираа 1:1 во дербито од 32. коло во Серија А. Иако Милан освои бод во седмата минута од судиското надополнување, неговиот тренер Стефано Пиоли смета дека Росонерите биле проактивни.

„Ја контролиравме играта, имавме иницијатива против дефанзивно ориентираната Рома. Но, не ги правевме вистинските потези во вистинско време. Ни недостигаа острина, фокус и решителност во последната третина“, изјави Пиоли .

Иако бодот е освоен на теренот на директниот конкурент за четвртото место кое води во Лигата на шампионите, Пиоли не е целосно задоволен.

„Ова не е резултат што го посакувавме, но успеавме да се опоравиме од резултат кој можеше да биде целосно негативен. Посебно во однос на она што го покажавме“.