Connect with us

Фудбал

Пиоли размислува за нуклеарен напад врз Торино

Ибрахимовиќ и Жиру во вторник би можеле да го предводат нападот на Милан

За прв пат оваа сезона, главниот тренер на Милан, Стефано Пиоли ги има на располагање двајцата главни централни напаѓачи – Златан Ибрахимовиќ и Оливие Жиру.

Според информациите во Италија, во отсуство на плејмејкерот на тимот Браим Дијаз, Пиоли размислува да ја смени шемата на формацијата со двајца централни напаѓачи и да ги ослободи Златан и Жиру од првата минута против Торино во меѓуколо оваа недела.

Се претпоставува дека Швеѓанецот може да се користи како заостанат напаѓач, кој има и функции на плејмејкер надвор од казнениот простор. Средбата на „росонерите“ со Торино на „Сан Сиро“ е во вторник во 20:45 часот.