Поврзи се со нас

Фудбал

Пирло ја блокираше продажбата на тројца играчи на Јувентус

Како што објави новинарот Фабрицио Романо, Андреа Пирло минатото лето блокираше продажба на тројца играчи на Јувентус.

Во Јувентус во голема мерка преговараа за продажба на фудбалери, но доаѓањето на Пирло беше знак дека сите тие ќе останат.

Мерих Демирал имаше понуда од Лестер, Адриен Рабиот го бараа англиските клубови, а Данило исто така беше еден од „отпишаните“ во Торино.

Се верува дека сите веќе би биле во новите клубови да не беше Пирло, кој сметаше дека овие момци сепак заслужуваат да го носат дресот на Јувентус и редовно да им даваат шанса во новата сезона.

Данило одигра седум натпревари во Серија А и има една асистенција, Демирел исто така запиша асистенција на шест настапи, додека Рабиот постигна еден гол на седум натпревари.

loading...

Facebook