Connect with us

Фудбал

Пирло: Никогаш не сум видел тим да доминира цели 90 минути

Јувентус го победи Динамо Киев со 3:0, и покрај дваесет минути потешкотии помеѓу крајот на првото полувреме и почетокот на второто полувреме.

„Не можете секогаш да ја имате топката, понекогаш морате да се борите да ја освоите, – одговара Андреа Пирло за Скај.

„Никогаш не сум видел тим да доминира 90 минути. Се случува да мора да се браниш, задоволен сум од менталниот и пристапот на момците“, додаде Пирло.