Поврзи се со нас

Фудбал

Пирло остана без играч од средниот ред

Јувентус го победи Ференцварош со 1:4, но Андреа Пирло загуби еден од подобрите играчи на почетокот на сезоната при неговото гостување во Унгарија.

Имено, Арон Ремзи го повреди десниот бутен мускул и го чека пауза од 20 дена. Ова е втора повреда на играчот од средниот ред оваа сезона.

Велшанецот сигурно ќе ги пропушти првенствените натпревари против Лацио и Каљари, но добрата работа за сè е што претстои репрезентативната пауза.

Ремзи треба да се врати на терените на 28 ноември против Беневенто што значи дека ќе ги пропушти ноемвриските натпревари во Лигата на нации.

Јувентус објави дека поранешниот играч на Арсенал ќе биде подложен на нови тестирања за десет дена.

loading...

Facebook