Фудбал
Пирло по поразот од Интер: Полошо од ова не може!
Тренерот на Јувентус, легендарниот Андреа Пирло видно разочаран од поразот од Интер од 2:0. Не толку поради резултатот, колку поради играта на неговиот тим кој беше целосно надигран од противникот.
-Од почетокот имавме погрешен пристап. Кога на ваквите мечеви недостига желбада се добиваат дуелите, тогаш станува тешко. Бевме премногу пасивни и кога не сте агресивни на ваквите мечеви, нормално дека ќе загубите. Лош меч, не очекувавме вакво нешто и полошо од ова не можеме да одиграме, изјави Пирло.
Јувентус веќе во среда ќе има прилика да се искупи за овој пораз, бидејќи против Наполи игра во Суперкупот.