Connect with us

Фудбал

Писмо со смртни закани за Левандовски, Нојер и Гнабри

Тројца фудбалери на Баерн Минхен добиле писмо со заканувачки смртни закани. Полицијата го истражува случајот, откако писмо стигнало на адреса на второлигашот Сент Паули.

Во него има порака, која е заканувачка со смртни последници.

Германската полиција во Хамбург започна истрага откако писмо со смртни закани за ѕвезди на Баерн Минхен, дошло во второлигашот Сент Паули.

Во писмото се потенцира: Спасете ја лигата, спасете го фудбалот. Смрт за валканите фудбалери на Баерн Минхен! И понатаму следуваат смртни закани за тројца фудбалери на баварците – Роберт Левандовски, Мануел Ноер и Серж Гнабри. Покрај нив, закани се напишани и за судиите во Бундеслигата.