Connect with us

Фудбал

Пизаро во октомври слави 40. роденден, а денеска потпиша договор со Вердер

Искусниот напаѓач Клаудио Пизаро и во наредната сезона ќе настапува во Бундеслигата

Пизаро минатата сезона беше член на Келн и во 14 натпревари постигна еден погодок, но и покрај тоа што гази во петтата децениа од својот живот, не се откажува од најважната споредна работа на светот. Одлучи и во наредната сезона да игра и тоа во својот Вердер.

Потпиша едногодишен договор со клубот во кој се враќа по четврт пат. Како член на Вердер го освои Германскиот Куп во сезоната 2008/09, иако најмногу профитира како играч на Баерн, затоа што освои дури шест трофеи во Бундеслигата, Лигата на шампионите, пет купови…

„Мило ми е што имам шанса повторно да се придружам на тимот и да ја завршам кариерата во клубот со кој ја започнав во Европа“, кажа Пизаро.

„Се радувам што ќе го делам своето искуство, но не сакам да кријак дека се враќа и дека сакам да постигнувам голови. Уверен сум дека заедно ќе имаме одлична сезона“, порача Пизаро.