Connect with us

Фудбал

Пјаниќ: Буфон е еден од најголемите на сите времиња

Миралем Пјаниќ рече дека Џанлуиџи Буфон е “еден од најголемите на сите времиња”.

Јувентус ја победи Верона 2:1, овој натпревар немаше некоја резултатска и бодовна вредност, колку што имаше заминувањето на Џанлуиџи Буфон.

“Важно е што оваа сезона ја завршивме со победа. Ова е најдоброто Скудето, сите правра големи работи. Ни недостига само Лигата на Шампионите и мислам дека ќе дојдеме до неа во наредните години. Јувентус сигурно работат на тоа”, рече Пјаниќ, додавајќи:

“Буфон е еден од најголемите играчи на сите времиња. Не знам дали заминува од фудбалот, но заминува од Јувентус. На многумина ќе ни недостига, беше голем човек и ми беше чест да биде негов соиграч.”