Фудбал
Пјаниќ сепак ја напушта Барселона? Каталонците ја прифатија понудата, трансферот е договорен
Чави реши да го задржи Миралем Пјаниќ во Барселона бидејќи играчот од средниот ред играше на високо ниво на летните подготовки. Сепак, Пјаниќ се уште не добива шанса во првиот тим во новата сезона, па под знак прашалник е дали ќе остане во клубот. Фабрицио Романо пренесува дека Пјаниќ деновиве би можел да ја напушти Барселона.
Шарја од Обединетите Арапски Емирати сака искусен играч за врска, а Романо додава дека клубовите се договориле. На Пјаниќ му беше понуден договор на три години и сега тој одлучува каде ќе игра оваа сезона. Преодниот рок на Емирати се уште е отворен, па Пјаниќ има можност да замине во клуб каде што ќе игра поредовно.
Пјаниќ во Барселона пристигна пред две години од Јувентус, но дел од времето таму го помина како играч на Барселона позајмен во Бешикташ, па за каталонскиот клуб одигра само 30 натпревари. Тој не постигна гол или асистенција за официјалните натпревари за Барселона.