Connect with us

Фудбал

Пјаниќ заминува од Јувентус, но како дел од пакетот за талентираниот фудбалер

Миралем Пјаниќ е човекот кој во медиумите постојано се поврзува со можно заминување од Јувентус.

Како потенцијална дестинација на 28-годишниот фудбалер од средниот ред се споменуваат Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид, но Јуве очигледно има друг план.

Како што пренесува „Gazzetta dello Sport“, Јуве сака да го искористи Пјаниќ како дел од колачот во кој сакаат да го донесат фудбалерот на Фиорентина, Федерико Кјеза.

Наводно, Јувентус за услугите на овој фудбалер ќе го понуди Мирелем Пјаниќ, но и младиот играч од средниот ред Роландо Мандрагора, кој минатата сезона ја помина во Кротоне.

Оваа понуда е навистина привлечна за Фиорентина, кој не сака лесно да се откаже од фантастичниот Кјеза, пред кој стои голема фудбалска иднина, а претходно тимот од Фиренца одби 50 милиони евра од „Старата дама“.

Покрај Јувентус, интерес за овој фудбалер покажуваат и Рома и Интер, а сумата која Фиорентина ја бара,  може да доведе до лесно откажување од „сите страни“, но извесно е дека 20-годишниот офанзивец ќе го напушти клубот ова лето.