Поврзи се

Фудбал

Платини признава: Финале од Мундијал во Франција беше наместено

Мишел Платини, поранешен претседател на УЕФА, суспендиран од фудбалот поради корупција, тврди дека на Светското првенство во 1998 година било наместено за да играат Бразил и Франција во финалето.

Франција пред 20 години го освои светското злато со победа од 3-0 во финалето против Бразил, а Платини тврди дека малите трикови во ждрепката обезбедија судир на две фудбалски сили дури во финалето.

„Кога го правевме календарот, се послуживме со трикови. Само ние (Франција) и Бразил моравме да завршиме први во групите и не можевме да се сретнеме пред финалето. Тоа на крајот и се случило“ рече Платини.

Бразил во пресрет на турнирот беше прв тим во светот и е делегиран директно во групата А. Франција како домаќин на турнирот, и на второто место на ФИФА листата е класифицирана во групата Ц, што значи дека беше на спротивната страна на ждрепката.

Бразил ги доби првите два натпревари и го изгуби третиот против Норвешка, а Франција убедливо ги победи Данска, Јужна Африка и Саудиска Арабија.

На патот до финалето Франција ја победи Хрватска со 2:1 во полуфиналето со двата гола на Лилијан Трутамн. Бразил ја совлада Холандија во полуфиналето на пенали.

Платини, кој тогаш беше заменик-претседател на Организацискиот одбор на француското Светското првенство, изјави дека на сите им беше сон Франција и Бразил да се сретнат во финалето таа година.

„Ние не се досадуваме шест години со организацијата на СП, да не користевме трикови. Кога играте дома, сакате да уживате во некои работи. Мислите ли дека другите домаќини не го прават истото? Финалето со Бразил беше сон на секого“, изјави Платини

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com