Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Струга единствена со три победи

На распоредот во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа четири натпревари од третото коло по кое Струга Трим Лум е лидер на табелата со максимални девет бодови.

Постигнати резултати:
Академија Пандев – Шкендија 0:1
Силекс – Скопје 3:1
Струга – Работнички 2:1
Тиквеш – Брегалница 1:1.

Вчера, Македонија ЃП – Победа 4:1
Слободна во ова коло беше екипата на Шкупи.

Табела: Струга 9 бода (3 натпревари), Силекс 7 (3), Шкендија 7 (3), Тиквеш 4 (2), Брегалница 4 (3), Академија Пандев 3 (3), Македонија ЃП 3 (2), Шкупи 3 (1), Скопје 0 (2), Победа 0 (3), Работнички 0 (3).