Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Вардар ја совлада Македонија ЃП

 Вардар забележа попладнево гостинска победа од 1-0 над Македонија ЃП во воведниот натпревар од 17 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Трите бодови со кои Вардар ја прекина серијата од четири порази на “црвено-црните” им ги донесе Милосавиќ, кој беше прецизен во 35 минута.

Во преостанатите пет натпревари утре од истиот термин ќе играат Брегалница – Воска, Работнички – Брера, Шкупи – Шкендија, Силекс – Гостивар и Тиквеш – Струга.

Табела: Шкупи 32, Шкендија 32, Струга 30, Силекс 23, Тиквеш 22, Брера 20, Гостивар 20, Работнички 20, Македонија ЃП 18, Воска 16, Брегалница 16, Вардар 14.

Advertisement