Кошарка
По 10 години, Александар Петровиќ повторно на клупата на МЗТ Скопје
Еден од најпрепознатливите тренери поврзани со МЗТ Скопје Аеродром во првата деценија од 21. век, Александар Петровиќ, се враќа на клупата на овој клуб, откако од денеска и официјално е назначен за нов тренер.
Тој доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ, со кого беше прекината соработката по неуспехот во финалето од Купот на Македонија пред една недела. За Петровиќ ова ќе биде трето преземање на МЗТ Скопје, со оглед што претходно седеше на клупата на актуелниот шампион во периодот помеѓу 2001 и 2007 односно 2009 и 2011 година. Има работено уште и во Пелистер, Карпош Соколи и Куманово, а во „Јане Сандански“ се враќа од местото шеф на стручниот штаб на Академија ФМП, каде што работеше изминативе две сезони.