Connect with us

Фудбал

По 16 години замина од Работнички и се пресели во Казахстан

Резервниот голман на македонската репрезентација Ристе Јанков го напушти скопски „Работнички“ и кариерата ќе ја продолжи во казахстанскиот прволигаш „Каспиј“.

За Јанков ова ќе биде прво меѓународно искуство во кариерата.

– Во нашиот клуб мина цели 16 години и израсна во врвен голман од репрезентативен калибар. Се надеваме дека тоа ќе биде само еден чекор кон врвна европска кариера каква што и заслужува, соопшти попладнево „Работнички“, официјализирајќи го трансферот на Јанков во Казахстан.