Фудбал
По 27 години Кремонезе победи во Серија А
Дојде и тој ден. Кремонезе ја оствари првата победа во Серија А. Рома е поразена со 2:1 во Кремона.
Историски ден за Кремонезе. Конечно, победа во елитните редови на италијанскиот фудбал, на која се чекаше речиси 27 години. Затоа што Кремонезе се враќа во Серија А за прв пат откако испадна во сезоната 1995/96. и дури сега забележа победа.
Повторно, Кремонезе беше кобен за Рома. Прво ја победи во купот на Олимпискиот стадион, а сега и во првенството на стадионот Џовани Чини. Прво тоа ги чинеше трофеј, а сега може да ги чини и пласман во Лигата на шампионите, бидејќи Рома испадна од најдобрите четири.
Кремонезе поведе во 17. минута, а стрелец беше Франк Каџут. Дека речиси ништо не и оди на Рома се виде веќе на почетокот на вториот дел, кога тренерот на гостите Жозе Мурињо доби црвен картон. Сепак, Рома успеа да израмни, а стрелец беше Спинацола во 71. минута. Сепак, тој гол не беше доволен ниту за бод, откако во 83. минута Ибанез направи пенал, а Чиофани беше сигурен од 11 метри.