Connect with us

Ракомет

По 62 години и огромен дебакл се враќаат на СП. Денеска бараат историска победа

Ракометната репрезентација на Холандија денеска од 18 часот ќе одигра натпревар против Аргентина во кој ќе ја лови историската прва победа на Светското првенство. Вчера ги видовме деби победите на Зеленортските Острови и Иран кога е во прашање СП, а денес истото го бара и Холандија. Таа на СП дојде со покана, а тимот од клупата го предводи легендарниот Швеѓанец Стафан Олсон.

Оваа репрезентација по 62 години се враќа на СП. Првиот и единствен настап на СП го имаше во 1961 година во Германија, а потоа доживеа огромен дебакл. Холандските ракометари беа поразени во два натпревари најпрво од Германија 33:7, а потоа и од Франција 21:11 и турнирот го завршија на 11. место од 12 земји.

Овој пат тие на турнирот доаѓаат како репрезентација во многу поинаква атмосфера околу тимот. Важат за една од нациите каде ракометот е во нагорна линија, а на последните две ЕП ги освоија 17. и 10. место. Во последното дури ремизираа со Хрватска 28:28. Тие се во групата со Норвешка и Македонија.