Connect with us

Фудбал

По 9 години заминува од Реал Мадрид, Анчелоти: Не е повреден, но не е добро!

Герет Бејл не беше вклучен во тимот на Реал за натпреварот од шпанскиот куп против Алкојан, а тренерот Карло Анчелоти објасни:

-Бејл не е повреден, но не е добро. Мораме да направиме се што можеме за да биде добро, изјави Анчелоти.

Бејл одработи само еден од последните шест тренинзи со соиграчите, а оваа сезона 32-годишниот крилен напаѓач се здоби со две тешки повреди и мина само 193 минути на теренот.

Тој не е на теренот од август и натпреварот против Бетис, а оттогаш само еднаш беше во тимот и тоа на клупата на дербито против Атлетико Мадрид.

Бејл е девет години во Реал, во кој дојде во 2013 година од Тотенхем за 101 милион евра. Според мадридскиот весник АС, Реал нема да го продаде во јануари, но играчот решил да ја смени средината на лето кога му истекува договорот.

Со неговото заминување Реал ќе заштеди околу 30 милиони евра годишно за фудбалерот кој одигра вкупно 254 натпревари во белиот дрес и постигна 106 гола со 67 асистенции.