Connect with us

Фудбал

По Алиоски, втор македонски репрезентативец во Саудиска Арабија, за годишна плата од 1,5 милиони евра

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е промовиран во неговиот нов клуб Ал-Фаја од Саудиска Арабија. Напаѓачот се договорил да игра за годишна плата од 1,5 милиони евра. Трајковски потпишал договор на 18 месеци. Тој е втор македонски репрезентативец кој ќе игра во првенството на Саудиска Арабија, по Џани Алиоски.

Во својата кариера Трајковски играше за Алборг, Мајорка, Палермо, Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55.