Connect with us

Фудбал

По Балотели, Лопез и Да Силва, Крсте Велкоски ново засилување за Македонија ЃП

Македонија ЃП продолжи со засилувањата. Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски е најновото засилување за тимот од Ѓорче Петров за продолжението од сезоната. Велкоски е добро познато фудбалско име на македонската спортска јавност. Освен што е поранешен репрезентативец, познато е дека играл за Работички, Металург, Сараево, Паралимниу, Чехлаул, Инчон, Сват Кат.

Пред Велковски, Македонија ЃП се засили со Бразилецот Џонатан Балотели, кој по втор пат ќе настапува во Македонија, откако во 2016-та и 2017-та беше дел од Вардар.

Давид Родригез Лопез од Шпанија исто така од пролениот дел ќе настапува за Македонија ЃП,  кој игра на позицијата лев бек и доаѓа од Атлетик Клуб Ескалдес од Андора, како и Џонатас Жилберто да Силва кој доаѓа од Перолас Неграс.