Фудбал
По елиминацијата од Македонија, Верати ги моли навивачите: Оставете ги младите играчи на мира, навредувајте не нас постарите
Фудбалерот за врска Марко Верати се огласи на социјалните мрежи по елиминацијата од Македонија и порача на навивачите да не ги навредуваат фудбалерите, особено не оние младите. Како што вели тој, доколку навистина имаат потреба да навредуваат некого, тогаш нека ги навредуваат постарите, или поточно поискусните.
-Кога ќе победиш, лесно е да им се заблагодариш на сите. Сакам да го направам тоа денеска по елиминацијата која ќе не лиши од конкуренцијата, најубава и највозбудлива за нас играчите, но пред се за сите италијански навивачи во светот. Сакав да им се заблагодарам на сите, персоналот, играчите и на сите луѓе кои работат со страст и ентузијазам во националниот тим. За жал, животот како и фудбалот не оди секогаш рака под рака со очекувањата, целите или соништата што ги има секој од нас. Разочарувањето сега е големо но веќе покажавме дека со работа, страст и срце се е можно. Така, во животот или во фудбалот, без разлика дали е по голема победа како ова лето или после голем пораз, секогаш мора да продолжите да се борите. Фудбалот е наша страст и сигурен сум дека ќе продолжиме да даваме се од себе за да одземеме повеќе задоволство сите заедно
Последно: Мислам дека не е најдобар начин да се навредуваат сите затоа што секој од нас дал се од себе (за жал не беше доволно). Пред се, оставете ги помладите на мира (ако навистина сакате да не навредите нас „постарите“ Затоа што понекогаш забораваме дека сме луѓе како сите вас, многу нормални луѓе и дека најголемите емоции ги наоѓаме во малите нешта.