Фудбал
По ЕУРО Хрватска останува без селектор, Далиќ го презема Фенербахче?
Под палката на Далиќ, „коцкестите“ успеаа да стигнат до Мундијалот во Русија, а таму да бидат хит на првенството со пласманот во финале, но иско високи беа очекувањата кај јавноста, Хрватска разочара и сега веќе извесно е дека ќе си бара нов кормилар.
Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ по крајот на Европското првенство го напушта кормилото на репрезентацијата.
Многумина се согласуваат е мислењето дека Далиќ требаше да ја напушти клупата на репрезентацијата по Светското првенство и неверојатниот резултат и да замине во историјата.
Хрватите вчера ремизираа со Чешка, а претходно беа поразени од Англија.
Инаку хрватскиот сојуз (ХНС) со Далиќ има уште една ипол година договор, до крајот на Мундијалот во Катар догодина (ноември-декември), но по сѐ изгледа тоа нема да се реализира.