Connect with us

Фудбал

По финалето, Бејл 20 минути поминал во соблекувалната на Ливерпул

Герет Бејл, кој постигна два гола во финалето против Ливерпул (3:1), и на Реал му ја донесе 13. титула во ЛШ, беше првиот што го напуштил теренот во Киев, додека неговите соиграчи ја прославуваа титулата.

Како што пишува „Daily Mail“, Велшанецот отишол во соблекувалната соба на Ливерпул каде што поминал 20 минути и се дружел со некои негови поранешни соиграчи како Адам Лалана, кој се обидел да го утеши по сериозен пораз. На парадата со отворениот автобусот во Мадрид, Бејл беше на самиот крај на автобусот, честопати беше снимен сам, што додатно ги „појача“ шпекулациите дека ќе го напушти Мадрид во текот на летото.

Велшанецот долго време не беше во најдобри односи со Зинедин Зидан, а според шпанските медиуми, тој беше многу лут што Французинот го остави на клупата на почетокот на финалето од Лигата на шампионите. Во интервју по натпреварот тој рече дека ќе ја напушти Рела ако не добие гаранција дека ќе игра следната сезона.

Реал наводно, со задоволство би го продал, бидејќи ќе добие огромни пари за го исполни финансискиот фер – плеј, ако успее да го доведе Азар или Нејмар, а можеби и двајцата. Малку клубови би можеле да платат надомест за Бејл, што сигурно нема да биде помал од 101 милион евра, колку што го плати Реал пред пет години.