Фудбал
По грозните навреди Синиша Михајловиќ ја дозна најлошата можна вест
Синиша Михајловиќ не минува низ најдобрите денови од тренерската кариера.
Сезоната за Болоња не започна добро и по пет кола тимот е на 16. место со само пет освоени бода.
Навивачите на овој тим во последниот натпревар ги исвиркаа своите миленици, а некои отидоа дотаму што грозоморно го навредуваа Синиша Михајловиќ.
Сепак, српскиот тренер денеска ги дозна најлошите можни вести. Како што пренесува „La Gazzetta dello“ Sport, Болоња решила да му се заблагодари за соработката и Михајловиќ стана поранешен тренер.
Се чини дека Болоња има три опции да го замени Синиша Михајловиќ: Клаудио Раниери, Пауло Соуза и Тиаго Мота.
Никој од тројцата моментално нема работа и во секое време би можел да го преземе клубот.
Викторија Михајловиќ, ќерката на српскиот тренер, изјави дека е вознемирена од навредите кон нејзиниот татко по последниот меч со Салернитана (1:1) и ги потсети навивачите на Болоња дека Синиша по втор пат се бори со леукемија.
Таа ги истакна „срамните“ пораки кои тренерот ги добивал на социјалните мрежи.
Неколку навивачи му порачаа на Синиша Михајловиќ дека треба да поднесе оставка и да се фокусира на здравствените проблеми.
„Никогаш не сум пишувал за вакви работи на социјалните мрежи, никогаш не сум губела време со луѓе кои се кријат зад тастатурата и тука ги лекуваат сите нивни фрустрации.
Но, мислам дека границата е помината и морам да кажам нешто. Мислам дека не е фер да се меша личниот живот со работата. Сакаш професионално да го навредиш татко ми? Ок, ама што се однесува до семејството, здравјето и другите работи што ги прочитав, не е во ред!
Веќе не прифаќам такви работи! Тоа што го пишуваш е грозно, запаметете дека зборувате за човек, мојот татко. Се срамам од вас“, напиша Викторија Михајловиќ на Инстаграм.