Фудбал
По историската сезона на Струга ТЛ: Захариевски доби нов договор
Захариевски ја предводеше Струга ТЛ до третото место во ПМФЛ со кое тимот за првпат во својата историја избори учество на европска сцена.
Струга Трим Лум објави дека се договориле со тренерот Срѓан Захариевски за продолжување на соработката на уште една година.
„Се надеваме дека со Захариевски ќе имаме добар настап во Европа каде сме дебитанти. Струга Трим Лум ја продолжи соработката со Захариевски за уште една година, после историскиот успех на тимот, а раководството верува во овој тим и тренерот и за следната сезона за која целите остануваат исти – излез во Европа“, објавија стружани.
Захариевски на чело на Струга ТЛ дојде на 12. март минатата година.