Фудбал
По контроверзиите во Торино, Италијанците прават голема промена во октомври!
Не стивнува бурата по контроверзиите околу поништениот гол на домашната екипа на ремито помеѓу Јувентус и Салернитана (2:2) во неделата навечер.
За потсетување, Јувентус губеше со 0:2 пред своите гледачи, успеа да израмни на 2:2, а потоа Аркадиуш Милик постигна гол од корнер длабоко во судиското надополнување за 3:2 и за големо славје. Полјакот доби жолт, односно црвен картон поради соблекување на дресот, но набргу потоа ВАР го поништи голот поради наводниот офсајд на Бонучи.
Се покажа дека тоа е голема грешка, бидејќи потоа беше објавена фотографија на која се гледа како играчот од средниот ред на Салернитана, Кандрева бил најблиску до голот при ударот од корнер. Кандрева беше на 2,9 метри од основната линија, а Бонучи на 3,42 метри.
Јасно е дека е направена огромна грешка, но нема враќање назад, Јуве остана без дополнителни два бода, иако во Италија сеуште се пишува за судискиот тим и ВАР соба.
Огромна грешка која предизвика и ќе продолжи да предизвикува многу контроверзии, но може да биде последна од ваков вид.
Како што пренесува „La Gazzetta dello Sport“, идејата на раководството на Серија А е да стане првиот шампионат кој користи полуавтоматски офсајд, а тие работат на тоа да го постигнат веќе во текот на месец октомври.
Со оваа технологија, позицијата на играчот ќе биде воспоставена со невидена прецизност, а времето за донесување одлука за офсајд треба да се намали од сегашниот просек од 70 секунди, на околу 25.
Дванаесет камери „ќе следат 29 движења на секој играч, благодарение на 50 фрејмови во секунда и топката поврзана со сензорот“.
Juventus had a 95th minute winner disallowed last night because the VAR only checked for offside on players in the penalty area, totally ignoring Candreva playing everyone onside from out wide. Juve had two players and their manager sent off in the aftermath.
What a disgrace. pic.twitter.com/eRcBQgzAAo
— Transfer News (@TransferChecker) September 12, 2022
Неопростливите исчезнувања како она на Кандрева треба да бидат минато, иако шефовите на италијанската асоцијација на судии, Лоренцо Казини и Алфредо Тренталанга свикаа итен состанок што би можел да се одржи оваа недела за да ги анализираат најновите случаи.
Јуве се уште е бесен и не ги прифаќа изговорите на ВАР кој можеше да загуби играч поради човечка грешка. Наскоро, барем за офсајди, повеќе не би требало да има сомнежи.
Иако таа реченица веќе ја кажавме пред неколку години и слепо верувавме дека ВАР ќе биде решението и дека повеќе нема да имаме погрешни одлуки. Сепак, од ова и од морето други примери е јасно дека технологијата не е најточна.
На крајот на краиштата, сите се согласуваат дека шармот на самата игра е изгубен поради честите прекини, чекањето, деталните прегледи на монтиру итн. Ако ги прашате навивачите и играчите на Јувентус, подобро би било некако да го нема ако веќе не работи како што треба.