Connect with us

Фудбал

По мечот со Македонија, се огласи и Пепе: Многу страдав во последните денови…

Европскиот шампион од 2016 година не дозволи изненадување како Италија и во финалето на баражот со 2:0 ја исфрли Македонија, а стрелец на двата гола беше Бруно Фернандеш.

Се истакна 39-годишниот стопер Пепе, кој по натпреварот даде многу емотивна изјава, која не е баш карактеристична за него.

-Многу страдав во последните денови. Сите знаете дека многу се грижам за себе, но овој пат не зависи од мене. Ми беше многу тешко што не можам да и помогнам на тимот против Турција. Среќен сум што ќе се опоравам навреме и ќе го дадам својот придонес за пласманот на Португалија на Светското првенство“, изјави играчот на Порто и додаде:

„Го заслуживме овој успех, имаше позитивна енергија во кампот и тоа ни донесе место во Катар. Би било неправда доколку не се пласираме на Светското првенство бидејќи имаме голем квалитет.

Да потсетиме, на Мундијалот освен Португалија се пласираше и Полска која ја совлада Шведска, а третиот европски патник од баражот ќе го чекаме најмалку до јуни.

Велс е во финалето бидејќи ја исфрли Австрија, но допрва треба да се одиграат полуфиналињата на Шкотска и Украина, кои од познати причини беа одложени.