Фудбал
По Оливие Жиру, Интер договорил уште едно големо име без пари
Неколку месеци Дрес Мертенс преговарал со челниците на Наполи околу новиот договор, но на крајот не успеале да најдат заеднички јазик. Италијанските медиуми пишуваат дека Белгиецот сигурно го напушта „Сан Паоло“, но дека ќе остане во Серие А.

Како што пишува „Калчиомеркато“ искусниот напаѓач добил понуда од Интер и дека извесно време е во контакт со тимот од Милано. Наводно се договориле на соработка од две години, со евентуална можност за продолжување на договорот за уште една сезона. Наводно Мертенс би заработувал по шест милиони евра, еден повеќе отколку во Наполи.
Медиумите претходно соопштија дека Оливие Жиру се договорил со Интер, за двегодишна соработка по четири милиони евра од сезона. Двајцата ќе дојдат во Милано како слободни играчи бидејќи летово им истекуваат договорите со Челзи, односно Наполи.