Поврзи се со нас

Кошарка

По пет месеци, МЗТ означува старт на подготовките за новата сезона

В понеделник по пет месеци пауза предизвикана поради коронавирусот, кошаркарите на МЗТ Скопје ќе се вратат во сала.

Тренерот Ѓорѓи Кочов в понеделник ќе ги построи кошаркарите кои во моментов се под договор со клубот од Аеродром, а кои во моментов се десет на број и тоа седум македонски репрезентативци и тројца интернационалци. На првиот собир се очекува присуството на капитенот Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Кристијан Николов, Адем Мекиќ и Филип Бакоч, како и на Американците Феми Олуџоби, Хасани Гравет и на српскиот интернационалец Андрија Бојиќ. За време на подготовките, со првиот тим ќе работат и поголем број таленти од нашата младинска школа, за кои тоа ќе биде голема можност за собирање драгоцено искуство, кои потоа ќе може да им го пренесат на своите соиграчи во соодветните возрасни категории.

Воведниот тренинг е закажан за утринските часови в понеделник и тоа на отворено, каде што ќе се работи на физичка подготвеност, а за вечерта е планирано првото колективно влегување во салата „Јане Сандански“ по пауза од точно 155 дена од последниот тренинг кога беше прекината минатата сезона.

Целокупниот тренажен процес ќе се одвива според протоколот неодамна донесен од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со цел максимална заштита на сите во нашиот тим од опасноста поради која спортистите беа принудени неверојатно долг период да бидат „избркани“ од спортските објекти.

Advertisement

Facebook

Реклама