Connect with us

Ракомет

По поплавата од Вардар, Барселона се радуваше на трето место

Екипата на Барселона го освои третото место на „Фајнал фор“ турнирот на Лигата на шампионите во Келн, откако во дуел за бронзата го совлада Киелце со 40-35 (20-17) .

Во малото финале во арената Lanxess, Каталонците го контролираа натпреварот и ниту еднаш не го испуштија водството во резултатот.

Предводени од Талант Душебаев, Полјаците постојано бркаа негатива, која не успеваа да ја достигнат и да се вратат комплетно во мечот.

На девет минути пред крајот при резултат 30-33, Киелце имаа дури два играчи повеќе, но не успеаја да ја искористат дадената шанса за да ја направат неизвесна завршницата во мечот за третото место.

Најефикасен за Барселона беше Мем со осум гола, додека кај поразениот тим Морито реализираше десет.