Фудбал
По поразот од Саутемптон, Клоп го провоцира Манчестер Јунајтед, ниту Мурињо не молчеше
Манчестер Јунајтед по добрата серија на резултати го стигна Ливерпул. „Црвените“ синоќа се поразени од Саутемптон, па сега имаат по 33 бодови со „Црвените ѓаволи“, кои имаат и натпревар помалку.
Веднаш по мечот Јурген Клоп го „пецна“ Манчестер Јунајтед, а медиумите на „Островото“ велат дека со ова Германецот ја стартуваше психолошката војна.
Клоп беше револтиран зошто не бил досуден пенал за Ливерпул во една ситуација против Саутемптон, велејќи дека Манчестер Јунајтед добил повеќе пенали за две години отколку Ливерпул за пет години колку што тој е тренер.
Нешто слично изјави и Мурињо пред два дена кога рече дека тимот на Солскјер добива многу пенали.