Connect with us

Фудбал

По Русија, УЕФА жестоко казни уште една репрезентација поради војната во Украина

Неколку дена по изречените строги казни за Руската фудбалска федерација, УЕФА ја казни и Белоруската фудбалска федерација, а изречените санкции стапуваат во сила веднаш.

УЕФА соопшти дека сите клубови од Белорусија и репрезентацијата на таа земја своите домашни натпревари во иднина ќе ги играат на неутрални терени.

Извршниот комитет на европската фудбалска организација исто така одлучи сите натпревари на кои белоруските тимови и репрезентации се сметаат за домаќини да се играат без навивачи.

Инаку, Белорусите беа нешто поблаги од Русите, бидејќи ФС на Русија и клубовите од таа земја беа суспендирани и исклучени од натпреварувањето.

Изречените казни се поради заедничкиот напад на Русија и Белорусија врз Украина.