Connect with us

Фудбал

По само 8 минути игра Суарез и Караско ја шокираа Барселона, а потоа „бууум“ Жорди Алба (ВИДЕО)

Прекрасен меч во првите десетина минути на Кам Ноу. Атлетико Мадрид по само осум минути игра поведе на гостувањето кај Барселона со 1:0. Стрелец на голот беше Караско, на прекрасна асистенција на Луис Суарез, поранешен играч на Барселона. Но, две минути подоцна „буум“ Жорди Алба. Алвеш нафрли, а дефанзивецот на спротивната страна со волеј постигна прекрасен гол. Ова е практично пресметка за четвртото место, кое носи пласман во Лигата на шампионите следната сезона.