Connect with us

Кошарка

По само два месеци МЗТ Скопје му даде отказ на Американецот Кари

Само два месеца откако го ангажираше Морис Кари, раководството на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром одлучи денеска да ја прекине соработката со американскиот плејмејкер.

-Тој во нашиот клуб дојде кон крајот на јануари, во пресрет на вториот дел од сезоната во домашното првенство и во АБА2-лигата, но не се снајде најдобро и не прикажа ниту дел од квалитетот кој се очекуваше од него, се наведува во клупското соопштение.

Кари одигра шест средби во македонското првенство со просек од четири поени и 2,7 асистенции додека во регионалната АБА 2 лига на девет средби просечно реализираше три поени со 1,4 скока и 1,8 асистенции.

Местото на Кари во МЗТ Скопје веќе е пополнето со неговиот сонародник Бре Ајви, зад кого е фантастична сезона со одлични бројки во дресот на Академија ФМП и чие деби се очекува вечерва против ТФТ Скопје.