Фудбал
По само неколку месеци Барса се покаја што го донесе младиот играч
Барселона во јануари договори трансфер на младиот дефанзивец Жан-Клаер Тодибо.
Кааталонците со Тулуз исто така договорија 19-годишниот Тодибо да остане во овој клуб до крајот на сезоната, а потоа на крајот на сезоната да се придружи на Барселона.
Меѓутоа, како што пренесува „Mundo Deportivo“, во каталонскиот клуб се загрижени поради напредокот на младиот играч.
Според наводите на Фернандо Пол, извор од Барселона откри дека младиот играч е расеан и има страв од тоа да стане професионален играч.
Кога на почетокот беше договорено Тодибо да се приклучи на Барселона во јули, играчот беше против тоа, па дури и штрајкуваше за веднаш да замине на „Камп Ноу“, што на крајот и се случи.
Некои членови на управата на Барселона сега се загрижени дека Тодибо не сака да ги слуша советите на тренерот, а Французинот од доаѓањето на „Камп Ноу“ одигра само два натпревари.
Валверде сега мора да одлучи што ќе прави со младата ѕвезда, а доколку Матијас Де Лихт потпише за Барселона Тодибо многу лесно би можел да заврши на позајмица.