Connect with us

Фудбал

По седум години замина од Шкендија, па наместо во Шкупи, Арменд Алими во Работнички (ВИДЕО)

По седум години минати во Шкендија, Арменд Алими има нов клуб. Од пролетниот дел од сезоната ќе ги брани боите на Работнички. Имаше информации дека ќе биде ново засилување за Шкупи, потоа дека ќе направи трансфер во Албанија или Грција, сепак тимот од Градски парк објави дека успеале да се договорат. Детали нема, но соработката е официјализирана, па тој во пролетниот дел од сезоната ќе дебитира во Работнички.

Инаку, Алими е еден од подобрите фудбалери во македонската фудбалска лига веќе неколку сезони наназад, а има и настапи за фудбалската репрезентација на Македонија, како за младинскиот, така и за сениорскиот погон. Има 34 години и настапува на позицијата офанзивен играч за врска. Кариерата ја започна во Башкими, потоа играше за Милано-Куманово, Оребро, Истра, Неа Саламис, Ермис, Шкендија, па сега Работнички.