Фудбал
По цели 14 години, Матераци отворено за инцидентот со Зидан, како голем фудбалски волшебник замина со наведната глава
Италијанскиот фудбалер кој успеа да го извади од игра Зинедин Зидан во завршните моменти на финалето на Светското првеснство во 2006, конечно ја даде својата верзија на инцидентот.
– Ударот со глава на Зидан? Не го очекував. Ако тоа беше случај, и двајцата ќе завршивме во соблекувалната , изјави Марко Матераци за време на еден од директни разговори на Инстаграм, кои италијанските фудбалски легенди особено ги практикуваат во овие времиња на изолација (Дел Пјеро, Тоти, Канаваро, Буфон беа меѓу другите учесници на дискусиите).
Марко Матераци ја даде својата вистина на најпознатото исклучување во историјата на фудбалот, на Зинедин Зидан во финалето на Светскиот куп 2006 г. кое „Галските петли“ го загубија од Италија (1-1, на пенали 5:3). Предизвикан од Матераци во продлженијата, фудбалскиот волшебник ја загуби самоконтролата, и го удри со главата во градите. Непоправлив гест синоним за црвен картон за „Зизу“ кој таму го играше последен натпревар од неговата кариера.

– Имаше неклоку искри претходно. Тој ќе постигнеше гол во првиот период од продолжението (мајсторски одбрани Буфон) и Гатузо побара да го чувам. По првиот дуел побарав извинување, тој реагираше лошо. По третиот, јас ги кренав веѓите. Тој ми рече: „Ќе ти го дадам дресот подоцна“. Му одговорив дека ја претпочитам неговата сестра. Одговорот го извади од такт „Зизу“.
За ова зборувапе и тогашниот капитен на Италија, Фабио Канаваро.
– Не бев далеку, се свртев и го видов Марко на земја. Марко ми рече: „Тој ме удри со глава“. Тој го направи она што требаше да го стори со тоа што се фрли на земја. Збогум и благодарам. Тоа беше добар удар со глава, вели добитникот на Златната топка од 2006.

Во 2017 година, Зинедин Зидан се наврати на неговиот гест на емисијата Телефут на француската телевизија.
– Она што го направив, не сум горд. Не сум горд на овој гест, им се извинувам на сите млади, тренери, волонтерите што прават фудбалот, да биде нешто друго. Тоа (исклучување) е дел од мојата кариера, мојот живот. Тоа е една од работите кои не се пријатни, но мора да ги прифатиме. И кои треба да се сварат.