Connect with us

Фудбал

По Валенсија се огласи и Еспањол: Шест членови на клубот заразени со коронавирусот

Откако Валенсија објави дека повеќе од една третина од екипата се заразени со коронавирус, присуство на коронавирус потврди уште еден тим од Шпанија.

Тоа е Еспањол, кој на својот официјален профил на Твитер објави дека шест члена на тимот се заразени со коронавирусот.

„Лекарите потврдија дека шест члена од првиот тим и техничкиот персонал се позитивни за новиот коронавирус. Сите тие имаат благи симптоми и ги следат упатствата на лекарот“, напишаа од Еспањол.