Фудбал
Победа го задржа прволигашкиот статус
Победа денеска во баражот покажа одлична игра против Борец и го задржа прволигашкиот статус. Со резултат од 2:1 фудбалерите на Победа успеаја да го совладаат Борец и да се изборат за опстанок во Првата Македонска фудбалска лига.
Уште на почетокот од натпреварот, фудбалерите на Победа го отворија резултатот. Иван Ивановиќ во 8. минута беше прецизен и му донесе водство на победа од 1:0.
Предноста на Победа се зголеми на 2:0 во 29. минута кога Виктор Велкоски ја затресе мрежата на Борец.
Борец создаваше неколку шанси во првото полувреме, но главно тие завршуваа или покрај голот или над голот, па резултатот на полувремето остана 2:0.
Во второто полувреме, Андреј Кудијан со гол во 56. минута од натпреварот ја намалува предноста на Победа на 2:1, и го враќа Борец барем за момент во живот.
Сепак до крајот на натпреварот резултатот остана непроменет, и Победа останува во ПМФЛ и во следната сезона.