Други спортови
Победа на Ферари во Ле Ман
Тимот на Ферари денеска триумфираше на овогодинешното издание на легендарната трка 24 часа Ле Ман.
Пред тимот на Тојота славеа Италијанците Алесандро Пјер Гуиди и Антонио Џовинаци и Британецот Џејмс Каладо кои го сочинуваа екипажот на Ферари.
Тимот на Ферари се врати на легендарната трка по 50-годишно отсуство и ја забележа првата победа од 1965 година на 100-годишнината од првото издание на трката.
Дополнително, Ферари ја прекина доминацијата на Тојота која беше непобедлива во последните пет години.
Третото место го освои екипата на Кадилака.