Connect with us

Фудбал

Победа со триумф од 1:0 ќе се бори за опстанок во ПМФЛ

Победа со триумф на домашен терен од 1:0 над Ренова до бараж за опстанок во ПМФЛ.

Во последното 36. коло од ПМФЛ се случиа промени во табелата, со победата на Работнички над Скопје (3:2) и Победа над Ренова (1:0). Прилепска Победа успеа да се искачи на 8. позиција од табелата, која обезбедува бараж за опстанок во ПМФЛ.

На натпреварот кој се играше во Прилеп, се играше без многу притисок од гостинската екипа и на самиот крај од првото полувреме во 45. минута Зоран Даноски успеа да погоди за водство од 1:0 за Победа.

Во второто полувреме немаше притисок ни од гостинската ни од домашната екипа, играта беше изедначена, а резултатот остана ист се до крајот на натпреварот.

Овие три бода не значеа ништо за Ренова, но за Победа значеа многу, значеа бараж за опстанок во ПМФЛ.